Во времето кога Советскиот Сојуз бил формиран, неговите лидери придонеле за голем напредок наспрема другите земји во однос на правата и придобивките на својот народ.
Во суштина, некои од познатите права во кои уживале луѓето од Западот биле како резултат на правата во кои уживале луѓето во СССР и да покажат добрина кон сопствениот народ за да не се започне револуција и да не се отфрли капитализмот како што се случи во Русија. Барем така велат некои од историчарите. Во што се` беше прва Русија и кои бенефиции ги доби нејзината популација?
1. Советскиот Сојуз беше првиот кој воведе работен ден од 8 часа. Првиот во модерната историја на човештвото.
2. Друг голем напредок беше правото на секој вработен да има слободен одмор од еден месец секоја година. Всушност, во Русија сега некои категории на луѓе уживаат подолг одмор секоја година. И да, тие добиваат нормална плата цело време додека се на одмор.
3. Луѓето не можат да бидат отпуштени без одобрение од професионалните унии.
4. Државата му гарантираше на секој дипломец дека ќе добие работа после дипломирањето.
5. Исто така, секоја личност во СССР (и денес во Русија) може да оди на универзитет по избор и сето тоа е бесплатно (секако, доколку го положат приемниот испит или имаат добри оценки во средно). СССР беше првата земја во светот која го нудеше ова.
6. СССР беше првата земја која нудеше бесплатно забавиште и градинка на сите оние кои им беше потребно.
7. Граѓаните на СССР беа првите во светот кои имале бесплатно здравство. Било каде. Било кога. Апсолутно бесплатно. Без чекање. Секој град имал над десет „поликлиникас“ - места кадешто луѓето можеле да одат и да ги прегледа доктор, да им биде поставена дијагноза, да си ги направат забите итн - бесплатно. Дури и денес вака функционира системот во Русија.
8. Секој граѓанин во Советскиот Сојуз можел да оди кај менаџерот и да побара патување во одморалиште по негов избор - без разлика дали станува збор за летно одморалиште или зимско - тие имале право на вакво бесплатно патување секоја година.
9. Секој граѓанин на СССР имал право на бесплатен стан. Да, апсолутно бесплатен стан за секој граѓанин. Секако, постоела листа на чекање, понекогаш била прилично долга, меѓутоа секој месец над сто илјади луѓе добивале бесплатен стан од државата. Ова беше првата земја во светот што воведе вакво право.
10. Секој Русин имал право на бесплатен превоз од местото кадешто живеел до местото кадешто работел. Можел да добие ваучери за автобус, воз итн. Исто така и ова право било прво во светот.
11. Секоја нова мајка имала право на 3 години породилно. Неа и` се плаќало првата година целосно, а потоа добивала половина сума, а нејзиното работно место било резервирано за неа во следните три години.
12. исто така, мајките можеле да добиваат бесплатно млеко за нивните бебиња се` додека не наполнат 3 години. Биле формирани целосно нова мрежа на „кујни за млеко“ во кои родителите можеле да одат и да земат шише со млеко за нивното дете. Бесплатно. Било кога.
13. Голем дел од овие бенефиции беа непознати за Западот пред Втората светска војна. После војната, некои од западните земји започнале да ги практикуваат со цел да нема протести од работниците.
Линк до галеријата.