20.08.2017
Живот
Сличности и разлики помеѓу Северна и Јужна Кореја
Фотографот Џејкоб Лаукаитис се решил да реализира едно необично патување – да ги посети Северна и Јужна Кореја.
Го обзела желба да дознае како се живее во земјите кои некогаш биле една територија.
Во Северна Кореја поминал 7 дена, а како една од најнеобичните работи го навел фактот дека не можел да ја шета земјата сам, бидејќи му го одзеле пасошот и му ги забраниле самостојните прошетки.
По една година ја посетил и Јужна Кореја за да може да ги спореди искуствата. Се решил сето тоа да го сподели со корисниците на Интернет преку видео кое трае 15 минути.
Подготвил: Маја Пероска