Северна Кореја е најзатворената држава во светот. Диктаторот Ким Јонг Ун, по примерот на неговите претходници, татко му и дедо му, ја направија Северна Кореја држава која по многу нешта е единствена во светот. Таму се забранети многу работи кои насекаде се сметаат за нормални и секојдневни.
На пример, ако се наоѓате таму и одлучите да посетите некоја порнографска страница на интернет, ќе се соочите со страшна
казнена политика. Верувале или не, гледањето порнографија во Северна Кореја се казнува со смрт!
Еден висок воен офицер на севернокорејската армија, беше егзекутиран во 2013 година затоа што конзумирал алкохол за време на стодневното жалење за смртта на Ким Јонг Ил.
Минатата година, наводно, властите во Северна Кореја погубиле 80 лица заради следење на телевизиски емисии кои се емитуваат во Јужна Кореја.
Исто така, строго е забрането телефонско бирање надвор од Северна Кореја. Казната за меѓународни повици варира од „испраќање во образовен логор“ (кој наликува на концентрационен) па сè до смрт.
Пребарувањето на интернет исто така е дело што подлежи на драконски санкции. Во Северна Кореја поврзувањето на интернет е многу тешко, а во земјата егзистира само еден портал и тој е државен.