По киносалите, најпознатиот филм годинава, „Барби“, ќе пристигне онлајн на платформата „Макс“. Обожавателите ќе почекаат уште малку за онлајн премиерата на филмот во кој играат Марго Роби и Рајан Гослинг.
„Ворнер брос“ првично најави дека филмот ќе биде достапен онлајн на 5 септември, но американските портали наведуваат дека филмот ќе може да се гледа преку услугата на видео на барање „Премиум видео он дименд“ (Premium video on demand) од 12 септември.
„Барби“ се прикажува во кината низ светот од 21 јули. Оттогаш заработи 1,29 милијарди долари. Веќе е најавено продолжение на филмот.
Извор:
24sedam
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)