Цела година пред легендарната „Славица“, во Белград бил снимен друг филм за партизанската борба. Во 1946 година бил прикажан во Москва, а во 1947 бил прикажан и во Белград. Тој бил наречен „Во планините на Југославија“.
Ова е првиот филм во кој може да се слушне мотото „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“, кое подоцна ќе стане легендарно. Филмот е дело на соработка помеѓу тогашните Југославија и Советскиот Сојуз, а режидер е Абрам Ром.
Главната улога ја толкува Николај Мординов, но главната ѕвезда во филмот бил Иван Берсењев, кој го глумел Јосип Броз - Тито. Токму тука се појавил проблемот. Режисерот инсистирал Тито да го игра актер кој многу наликувал на претседателот, но на самиот Тито не му се допаднало како Берсењев го претставил на големото платно.
Филмот бил лошо примен и кај публиката а на сите им пречело тоа што партизаните зборувале руски во филмот, но и во него почесто се забележувале слики од Сталин отколку од Тито.
Една година по премиерата доаѓа до конфликт помеѓу Тито и Сталин за резолуцијата на Информбирото и филмот оди во комунистичките бункери, каде ќе остане со децении. Затоа со години не се знаело дека овој филм постоел.
Сега може да го погледнете во целост во продолжение.
Извор:
Istorijski Zabavnik
Фото: Daily Motion (printscreen)