Од утре, билети за Саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем
www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари.
Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аквапаркот (А1 Арена - СЦ Борис Трајковски), од 8 до 14 септември.
На саемот ќе земат учество над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, како и голем број промоции и саемски попусти.
Саемот на книга е организиран во соработка со Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура.
Програмата и распоредот на промоции на новите изданија ќе бидат објавени непосредно пред почетокот на Саемот на книга 2021.