Деновиве изгледа како секој бренд да се обидува максимално да го искористи машинското учење за да ги исполни своите производи со специјални моќи и, што е најважно, да заработи повеќе.
Но, дали на нашите идни електрични четки за заби навистина им е потребна доза на вештачка интелигенција? Од „Орал-Б“ велат дека нивната нова електрична четка за заби, која чини 220 долари, ќе користи податоци од сензорите во главата на четката и блутут за да ги пренесува советите добиени од вештачката интелигенција преку апликација.
Поточно, четката се поврзува со апликација на вашиот телефон преку блутут и кога ќе почнете да четкате, апликацијата ќе ви прикажува тајмер за да знаете колку време четкате и ќе ве советува каде да четкате. Четката користи сензори за да знае кога е преголем притисокот или кога не четкате доволно долго на одредено место и потоа податоците ги праќа во апликацијата. Апликацијата потоа користи алгоритам за да ви каже каде треба да четкате подобро и да ве оцени колку добро сте
четкале.
Од компанијата тврдат дека научиле како добро да четкаат заби преку „продлабочување на нивното разбирање на однесувањето на потрошувачите од 60 земји“.
- Создадовме алгоритам од повеќе од 2.000 сесии на четкање за да добиеме ексклузивни увиди во навиките за миење заби од целиот свет - наведуваат од
компанијата.