Популарната алатка „Воисмод“ почнува да користи вештачка интелигенција за да го смени вашиот глас, а меѓу оние што ги имитира се наоѓа и гласот на актерот Морган Фриман.
Морган Фриман наскоро би можел да стане чест наратор на „Јутјуб“ и „Твич“. Односно, самиот актер нема да биде наратор, туку гласот што звучи како да е негов ќе може да биде симулиран преку алатката „Воисмод“. Во моментов оваа алатка тестира неколку нови вештачки гласови, вклучувајќи глас на астронаут, пилот и на Морган Фриман.
„Воисмод“ е алатка што веќе некое време е достапна за стримери и инфлуенсери, но сега е во развој понапредна верзија базирана на вештачка интелигенција. Сето тоа се изведува во реално време, потребно е само да зборувате на англиски јазик. Со оглед на тоа што обработката на гласот се врши локално, потребно е да имате добар компјутер за нејзино користење.
Ако сакате да пробате како е кога звучите како Морган Фриман, можете да се регистрирате за бета-тестирање преку
овој формулар.
Извор:
Hcl.hr
Фото:
Wikipedia