Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун тежи над 140 килограми според процената на вештачката интелигенција, изјави во средата јужнокорејски пратеник.
Здравјето на севернокорејските лидери обично е чувано како државна тајна, а шпекулациите за состојбата на сегашниот лидер Ким, за кој се верува дека има 39 години, се повторуваат поради неговото прекумерно пушење, зголемување на телесната тежина и семејната историја на кардиоваскуларни проблеми.
- На 16 мај се појави во јавноста уморен, со темни кругови околу очите, а според анализата на вештачката интелигенција, беше проценето дека тежи над 140 килограми - вели Јо Санг-бум, член на парламентарната комисија за разузнавање, по брифингот на Националната разузнавачка служба.
Се верува дека Ким боледува од „тешко“ нарушување на сонот, вели пратеникот, цитирајќи го разузнавачкиот извештај дека Северна Кореја интензивно ги собирала најновите медицински информации за третман на несоницата за својот висок функционер.
Контролираните државни медиуми на Северна Кореја ретко го споменуваат здравјето на лидерот, но во март севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“ објави дека Ким работи до 5 часот наутро.
Ким е лидер од третата генерација, кој дојде на власт откако неговиот татко Ким Џонг-ил почина во 2011 година од срцев удар.
Јужнокорејската разузнавачка агенција ја следи можноста Ким да западне во „маѓепсан круг“ на зголемена зависност од алкохол и никотин и да доживее полоша несоница со оглед на големото количество странски цигари и грицки што се испраќаат во Северна Кореја.
Извор:
Reuters
Фото: Screenshot/YouTube