X
 29.10.2021 Живот

Германска амбасада: Следните три месеци нема да има регистрирација на термини за виза

Преголемиот интерес за аплицирање за германска виза предизвика пребукирање на термините, па од Амбасадата соопштија дека во следните три месеци нема да има отворен список за регистрација на термини.

- Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин. Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин најверојатно до крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед. Од таа причина, во ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин. Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема - наведуваат од германската амбасада.

Оттаму додаваат и дека најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведат промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините и ќе ја поедностават процедурата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот