Секоја година милиони Американци му се обраќаат на „Гугл“ за рецепти, информации и, секако, дефиниции.
А во 2025 година колективната љубопитност на Американците за вокабуларот нацрта интересна слика. Најбараните дефиниции не беа ретки и непознати термини, туку зборови што откриваат што им е на ум на луѓето: идентитет, емоции и состојбата на светот.
Топ-10 најбарани зборови
Според податоците од „Вордсрејтед“, „фашизам“ е на врвот на листата со најбарани дефиниции во САД оваа година, со повеќе од 182.000 пребарувања месечно (над 2,18 милиони вкупно). Тоа е значителна предност во однос на второпласираниот термин „геслајтинг“ со 115.000 месечни пребарувања.
Другите термини во топ-10 се мешавина од политички науки, психологија и поими од час по англиски јазик:
1. Фашизам: годишно пребарување: 2.184.000
2. Гаслајтинг: годишно пребарување: 1.380.000
3. Нарцис: годишно пребарување: 1.275.600
4. Емпатија: годишно пребарување: 1.168.800
5. Метафора: годишно пребарување: 1.080.000
6. Ниче: годишно пребарување: 972.000
7. Демократија: годишно пребарување: 964.800
8. Агностик: годишно пребарување: 948.000
9. Хипербола: годишно пребарување: 864.000
10. Барм (пена од ферментација): годишно пребарување: 840.000
Кога истражувачите ги групирале 1000. најбарани дефиниции по тема, доминирале две категории: општ вокабулар и психологија/лични карактеристики. Заедно, тие сочинувале речиси половина од сите пребарувања.
30,9 отсто биле од општ вокабулар, секојдневни зборови на кои луѓето барале појаснување.
18,7 отсто се однесувале на психологија, термини како „нарцис“, „емпатија“ или „гаслајтинг“.
Следните најголеми категории биле литература и јазик, владини и политички системи, и наука, иако со значително помал удел.
„Фашизам“ и „демократија“ во фокус
Оваа година особено се издвојуваат политичките термини. Пребарувањата за „фашизам“ далеку ги надминале сите други зборови, додека „демократија“ удобно се наоѓа во топ-10 со околу 80.400 месечни пребарувања. Тоа е значајно бидејќи политичките термини сочинуваат помалку од 8 отсто од вкупните пребарувања за дефиниции.
Според „Вордсрејтед“, пребарувањето „дефиниција за фашизам“ доживеало пораст повеќепати во последните години. Очигледно, луѓето сакале повторно да проверат што всушност значат овие системи, што е знак дека граѓанската љубопитност (или збунетост) и понатаму е присутна.
Извор:
Mental Floss
Фото: Freepik