X
 29.12.2022 Живот

Амстердам воведува кампања за бркање одредени туристи

Властите во Холандија одлучиле да воведат нова кампања за бркање одреден вид туристи во Амстердам. Холандија има повеќе либерални закони поврзани со консумација на дрога, алкохол и сексуални услуги, што создаде одредена репутација на градот.

Според локалните медиуми, туристите ги искористуваат овие закони и создаваат проблеми во градот.

- Потребни се мерки за да се спречат непријатностите и пренатрупаноста. Амстердам е светски град и метежот и живоста доаѓаат заедно со тоа, но за градот да остане погоден за живот, мора да поставиме граници наместо неодговорен раст - изјавил заменик-градоначалникот на градот, Софијан Мбарки.


Фото: Pixabay

Се проценува дека над 20 милиони странски туристи го посетуваат Амстердам секоја година. Со новата кампања, властите сакаат да го намалат бројот на туристи следната година со тоа што ќе се обесхрабруваат посети на туристи за канабис, ергенски и момински забави и туристи за сексуални услуги.

Претходно годинава беше објавено дека градот планира да ги затвори кафулињата што нудат производи од канабис за да ја задржи контролата над пазарот на лесни дроги. Според истражување, само 66 од вкупно 166 лиценцирани кафулиња од овој вид во Амстердам се доволни за да ги задоволат потребите на локалните жители.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот