X
 28.04.2020 Технологија

Патувањата со хајперлуп би можеле да станат реалност за 8 години

Холандската компанија „Хард хајперлуп“ ги објави наодите од истражувањето што дава надеж дека ултрабрзото патување со мала потрошувачка на енергија преку високотехнолошки системи слични на воз може да стане реалност во наредните осум години.

Според компанијата, моделот би му овозможил на патникот од Париз да стигне до Амстердам за само 90 минути.

Во Холандија во моментов се води дискусија, при што компанијата се обидува да идентификува пет потенцијални патеки на хајперлуп што ќе се фокусираат на максимално поврзување на градското подрачје. Истражување го разгледува влијанието на хајперлуп, фокусирајќи се на пристапноста, поврзувањето и намалување на застојот во сообраќајот околу областа на Амстердам и до дестинациите надвор од границите на земјата, при што резултатите посочуваат подобро време на патување преку копно со овој нов систем.

1
Како би изгледала една хајперлуп-станица

- Хајперлуп може да стане реалност за патниците во 2028 година. Она што го прави уникатен е неговиот брз капацитет, мала потрошувачка на енергија и големите брзини што навистина го намалуваат времето на патување. На пример, патувањето од Париз до Амстердам ќе трае само 90 минути и ќе биде исто како да фатите воз - велат од компанијата.

Исто така, компанијата вели дека реализацијата на хајперлуп ќе донесе создавање на нов дневен урбан систем во кој градовите и регионите би биле поврзани едни со други, како на национално, така и на меѓународно ниво. Во рамките на Холандија биле изучувани поврзувањата од Амстердам до Гронинген и од Амстердам до Хаг. На меѓународно ниво, истражувањето се фокусирало на поврзување со Диселдорф, Франкфурт и Париз.

станица
Патување со хајперлуп

- Поврзувањето помеѓу Амстердам и Ајндховен со хајперлуп ќе трае само 15 минути. И до Диселдорф ќе може да се стигне за помалку од половина час. Перспективата за растојанијата од домот и од работа ќе биде драстично намалена. Хајперлупот е особено добар за меѓународни врски - вели Стефан Марџес, проектен менаџер во компанијата.

Извор: Lonely Planet
Фото: Plompmozes / Hardt Hyperloop
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија