„Погледај дом свој анѓеле“ според многумина е најдобрата песна на бендот „Рибља чорба“, а Бора Ѓорѓевиќ секој концерт го завршува со неа.
Оваа песна настанала сосема спонтано во 1985 година и е дел од албумот „Истина“.
Песната го носи истото име како романот на Томас Волф во кој се раскажува за американската криза. Во тие години Бора Ѓорѓевиќ бил бунтовник кој се борел против сите, па вели дека песната буквално се напишала сама.
- Песната беше создадена на необичен начин затоа што сама се пишуваше. Сликите сами ми доаѓаа. Иако нема баш најправилна рима, така ми дојде. Ја пишував долго време за да бидам задоволен од секој збор. И тогаш песната имаше свој живот. На секое место звучеше различно - и кога ја свиреше бенд, и кога ја пееше хор и кога ја свиреше симфониски оркестар, таа звучеше различно и секојпат го претставуваше разрушениот Вуковар - рече тој.
Трогателна приказна од Виена
Бора се присетува и на тоа како на железничка станица во Виена хорот на Првото српско пејачко друштво ја испеа токму оваа песна.
- Беше нереална ситуација. На празната платформа стоев, гледав и плачев - слушав како пеат како ангели. Тоа беше првпат во историјата на австриските железници возот да доцни при поаѓање бидејќи го пуштија кога заврши песната - раскажа тој во една пригода.
- Интересно е што толку сериозна песна е толку многу слушана. Има дури и групи луѓе кои сакаа да ја предложат да биде српска химна. Секако дека си имаме наша национална химна, но тоа го сфатив како комплимент - изјави Ѓорѓевиќ.
Фото: Screenshot/YouTube