X
 29.12.2021 Живот

Ова е најомилениот божиќен хит на Британците

Британците го избраа својот омилен божиќен хит, а тешко дека ќе погодите за која песна се работи. Станува збор за песната „Killing in the Name“, голем хит на групата „Рејџ агенст д машин“.

Истражувањето, создадено во соработка со „Најн ејт букс“, било спроведено за да го одбележи објавувањето на „Книга за официјални број еден синглови“, водич низ 70 години божиќни хитови, а на секоја песна се посветени две страници.

По тринеделното гласање, последната битка се водеше помеѓу „2 Become 1“ на „Спајс грлс“, и „Killing in the Name“, а на крајот победи „Killing in the Name“ со 51 отсто од гласовите.

Инаку, ова е продолжение на приказната од 2009 година, кога овој сингл од популарните бунтовници наеднаш стана божиќен хит на кампањата чија цел беше да ги спречи ѕвездите на „Икс-фактор“ да го имаат најголемиот божиќен хит петта година по ред.



Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот