X
 30.03.2020 Живот

Како изгледале замоците низ Европа пред да бидат срушени?

Во време на карантин не можеме да патуваме, но можеме да се потпреме на виртуелните истражувања. Затоа, ве носиме на патување, во посета на највеличествените замоци во Европа кои кријат вековна историја во нивните урнатини.

Поголемиот дел од замоците биле уништени по многугодишни војни и помирувања, а сега само останува силуета од нивната мината слава.

Компанијата „Баџет дајрект“ во соработка со дизајнери и архитекти успеала да реконструира неколку најголеми замоци низ Европа, доловувајќи ја нивната поранешна убавина со помош на дигитални алатки и анимации за реконструкција.

- Поради напорите за социјално дистанцирање, милиони луѓе во светот се заглавени дома. Овој проект нуди парче ескапизам и инспирација за патување од фотелјата - велат претставници на „Баџет дајрект“.

1. Замокот Самобор, Самобор, Хрватска

1

Кралството Бохемија било средновековна монархија што владеела над делови на денешна Чешка и Германија, од крајот на 12 век до Првата светска војна. Владетелот Отокар го изградил замокот Самобор во средината на 13 век, за време на војната околу спорното војводство Стирија. Но, тој изгубил од хрватско-унгарските сили.

2

Денес, посетителите можат да ги видат ѕидовите и остатоците од тврдината. Единствениот преживеан оригинален елемент е стражарската кула. Голем дел од остатоците, вклучувајќи ја и готската капела „Св. Ана“ имаат измени направени во 16 век.

2. Шато Гајар, Лез Андели, Франција

1

Шато Гајар е ран пример за употреба на концентрично зацврстување во дизајнот на замоците.

2

Ричард Лионхарт го изградил замокот многу брзо, помеѓу 1196 и 1198 година за да го одбрани замокот против Филип II од Франција. Замокот доживеал многу преправки пред конечно да биде напуштен во 16 век и подоцна срушен од Хенри IV од Франција. Сепак, останале елементи на надворешниот замок.

3. Замок Дунотар, Стоунхевн, Шкотска

4

Замокот Дунотар гледа во Северното Море од источниот брег на Шкотска. Со години играл клучна улога во тензиите меѓу Англичаните и Шкотите. Во најпознатата битка Вилијам Валас - Брејвхарт го опколил и го вратил замокот од Англичаните во 1297 година.

3

Замокот подоцна бил заземен од Оливер Кромвел. Денес, еден од најпознатите остатоци на локалитетот е Тауер хаус од 14 век.

4. Замок Менло, Галавеј, Ирска

1

Замокот Менло бил во сопственост на семејството Блејк и бил уништен во пожар во 1910 година. Семејниот тренер Џејмс Кирван успеал да избега од пламените искачувајќи се на прозорецот на лозите од бршлен. Тој се обидел да ги спаси другите жители, но младата Елеонор Блејк загинала во пожарот, како и слугинката.

2

Од денот кога замокот бил разурнат, зелениот бршлен пораснал и го покрил целиот објект. Посетата на Менло нуди бајковито искуство бидејќи лозите го маскираат објектот во природниот пејзаж на околните шуми и полиња. Не е познато кога бил изграден замокот.

5. Замокот Олштин, Олштин, Полска

5

Замокот Олштин се наоѓа на трнлив рид меѓу карпи од варовник во Североисточна Полска. Замокот бил изграден некаде пред 1306 година. Тој бил проширен од Касимир Велики помеѓу 1349-1359 година за одбрана од Чесите. Подоцна Олштин добил и воен гарнизон и бил реновиран во ренесансен стил, во 16 век.

6

Во наредните години Хапсбург, а потоа и Швеѓаните предизвикале значителна штета, па замокот престанал да се користи. Денес, посетителите можат да ја видат оригиналната готска кула.

6. Замокот Спиш, Спишке Подхрадје, Словачка

zamok

Зафаќајќи површина од четири хектари, замокот Спиш е еден од најголемите комплекси на замоци. Бил гранична тврдина во феудалното унгарско кралство. Замокот подоцна неколкупати се менувал меѓу империите и аристократските семејства.

6

Денес замокот е заштитен од УНЕСКО. Неговиот простор и географска поставка го прават идеален за фотографирање.

7. Замокот Поенари, Валахија, Романија

romanija

Легендарниот замок Поенари е украсен со толку инспиративни детали што дава чувство како да е излезен од приказна. Замокот некогаш му припаѓал на Влад III, кој бил инспирација за Дракула на Брам Стокер.

romanija
Извор: Bored Panda
Фото: Budget Direct
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот