X
 07.02.2022 Технологија

„Мета“: Ако не можеме да споделуваме податоци, нема да можеме да ги нудиме „Фејсбук“ и „Инстаграм“ во Европа

„Мета“ (компанија порано позната како Фејсбук) се заканува дека ќе ги повлече своите социјални мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“ од Европа доколку регулаторите не ѝ дозволат да обработува лични податоци за корисници и во Европа и во САД. Компанијата јасно го кажува ова во извештајот до Комисијата за хартии од вредност на САД.

Во извештајот, „Мета“ тврди дека е од витално значење за нејзиниот бизнис да обработува податоци и во Европа и во САД за да функционираат беспрекорно нејзините операции и бизнисот со таргетирање реклами.

- Ако не можеме да пренесувам податоци земјите и регионите во кои работиме или ако ни е ограничено да споделуваме податоци меѓу нашите производи и услуги, тоа може да влијае врз нашата способност да ги обезбедуваме нашите услуги - пишува во извештајот.

Проблемот е што правото на ЕУ бара податоците на нејзините граѓани да се обработуваат само на сервери лоцирани во Европа, при што претходните договори за споделување податоци меѓу САД и ЕУ се означени како недоволни и нема нови регулативи што би ја направиле оваа практика легална. „Мета“ се надева дека ќе има нов договор во 2022 година, но ако тоа не се случи, компанијата смета дека нејзините социјални мрежи немаат иднина во ЕУ.

Извор: Androidpolice.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија