Долготрајната грчка должничка криза остави малку сомнежи во однос на силата во Европа. Постоеја моменти кога се чинеше дека Атина би можела да постигне чудо и да пронајде алтернативен пат за долготрајните мерки на штедење наметнати од страна на европските кредитори, но тоа сепак не се случи. Сега, грчкиот парламент полека ги имплементира европските барања и моменталниот ризик од нова криза е намален.
Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ изработи карта на Европа во која со различни бои се прикажуваат долговите на државите. Она што се забележува на прв поглед е тоа дека појужните земји се најголемите должници.
Прилично е јасно кој ги држи конците во рацете. Финска, Германија, Холандија и Луксембург имаат рејтинг ААА, означен со темно сина боја, а Франција, Белгија и Австрија се означени со посветла боја, односно рејтинг АА. Шпанија и Италија се означени со зелена боја, а Грција со темно кафена, односно дека е најзадолжена и ѓансите за враќање на долгот се најмали.