X
 30.03.2020 Живот

Неверојатни фотографии што изгледаат како да излегле од соништата

Џулиус Кахконен е млад фотограф, визуелен уметник и претприемач од Финска. Неговиот уникатен стил на едитирање и фотографирање резултира со фотографии што многумина би ги опишале како сон.

Кахконен почнал со едитирање во 2017 година и низ годините развил уникатен и привлечен стил. Додека патувал низ целиот свет, правејќи стотици фотографии, тој создал импресивно портфолио кое подоцна го претворил во кариера.

- Создавам уметност и сакам да им помагам на другите - вели тој на својот инстаграм-профил.

Фотографот сега ги учи другите луѓе како да постигнат вакви зачудувачки визуелни ефекти преку курсеви за различни аспекти на фотографијата и едитирањето.

- Почнав со фотографирање кога една вечер ја зедов камерата на татко ми при зајдисонце и веднаш ме привлече фотографирањето. Потоа се уморив од фотографирање затоа што живеев во град со 3.000 луѓе и не можев да најдам добри места за фотографирање - вели тој.

foto
Фото: Instagram

- Верувам дека мојот стил се разви на почетокот преку цртање слики - вели тој. Исто така, тој открива дека развил уникатен стил вежбајќи секојдневно.

- Кога почнав, потребни ми беа 6-9 часа да завршам едно дело. Преку секојдневна практика успеав да го минимизирам времето на едитирање за помалку од еден час - вели Џулиус.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Bored Panda
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот