X
 13.06.2021 Живот

Фотограф успева да ја долови безвремeната убавина на брановите на океанот

На холандскиот фотограф Михал Пелка отворената вода му е втор дом. Комбинирајќи ја својата љубов кон сурфањето и фотографијата, Пелка успева да долови неверојатни фотографии од брановите на Северното Море и океаните низ целиот свет.

Неговата работа се фокусира на убавината на океанот и нашата поврзаност со водата. Во неговите фотографии суштината на океанот се издвојува преку светлината и движењето.

Пелка фотографира уште од 16-годишна возраст, но дури кога се преселил во Западна Австралија почнал да ги фотографира отворените води. Како сурфер, тој поседува многу вештини потребни за да ги „прочита“ условите и да ги избере вистинските моменти во однос на движењето на брановите.

Сега Пелка живее во Холандија, а Северното Море е местото каде што создава неверојатни фотографии од брановите. Тој вели дека студените води, иако не се познати по сурфањето, сепак, можат да изненадат.

- Да се биде во океанот, за мене е нешто што ми помага да се исклучам од секојдневната реалност и истовремено да се поврзам со природата и да се чувствувам во хармонија со ритамот на океанот. Океанот и брановите имаат нешто безвремено; токму тоа чувство се обидувам да го доловам на моите фотографии - вели тој.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Michal Pelka: Instagram  | Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот