Метеорските дождови ЕТА Аквариди се активни секоја година, па така и оваа. На небото веќе може да се видат речиси од секој дел на планетата. Жителите на јужната хемисфера можат најјасно да ги видат овие метеорски дождови.
Метеорските дождови се предизвикани од делови од Халеевата комета кои горат во нашата атмосфера. Халеевата комета се гледа на секои 75-76 години и последен пат била видена во 1986 г.
Таа ќе се врати дури во 2061 г., но секоја година во овој период Земјата поминува низ облакот од прав и делови што останале од нејзините претходни посети. Овие мали делови горат во атмосферата и создаваат метеорски дождови.
Најчесто метеорските дождови се активни од крајот на април до поголемиот дел од мај. „Си-нет“ открива дека оваа година метеорските дождови ќе бидат највидливи на 5 мај и во деновите пред и по овој датум, кога ќе може да се видат десетици метеори на час.
Не треба да се фокусирате на одреден дел од небото за да ги видите метеорите бидејќи тие најчесто оставаат долги траги и се многу брзи.
Автор: Ерик Мек
Извор:
cnet.com
Фото: Pixabay