X
 07.04.2015 Наука

Сите сме направени од ѕвездена прашина која лебди низ вселената


„Водородот во нашата ДНК, калциумот во нашите заби, железото во нашата крв, јаглеродот во нашата храна се направени од внатрешноста на ѕвездите во колапс“, изјавил Карл Сејган во 1980 година. Дури и денес, набљудувањата на НАСА го поддржуваат овој став.

Мерењата на остатоците од стара супернова која се наоѓала во близина на центарот на галаксијата покажуваат доволно „ѕвездена материја“ за да се изгради нашата планета уште илјадници пати.

Набљудувањата покажуваат дека еден облак создаден од експлозијата на суперновата пред 10.000 години содржи доволно прашина за да се направат 7.000 Земји. Тоа го изјави истражувачот Рајан Лау од универзитетот „Корнел“ во Итака.


Долго време знаеме дека суперновите испуштаат големо количество ѕвезден материјал во вселената, но не било јасно дали облаците прашина може да опстојат по големиот бран од експлозијата. Новите набљудувања од НАСА го покажуваат оној дел кој недостасувал за да се докаже дека овие облаци прашина навистина преживуваат и се шират во вселената, со што формираат нови системи.

Меѓуѕвездената прашина игра голема улога во еволуцијата на галаксиите и формирањето нови ѕвезди. Ова можеби е одговор на прашањето зошто голем број млади галаксии имаат многу прашина во себе.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука