X
 30.04.2023 Технологија

Оваа веб-страница ја наоѓа секоја ваша фотографија објавена на интернет

Aко барате некого на интернет, во тоа може да ви помогне веб-страница која користи технологија за вештачка интелигенција и изгледа малку морничаво.

 „Пимајс“ (англ. PimEyes) е веб-страница за пребарување фотографии која користи технологија за препознавање лица за да ја пронајде секоја фотографија од некоја личност што некогаш била објавена на интернет.

Откако некој ќе постави фотографија од личноста што сака да ја најде, оваа веб-страница го пребарува интернетот за да го спореди лицето на таа личност со лицата на другите. Иако технологијата не е совршена, таа е точна во пронаоѓањето на личноста што ја барате или луѓе слични на неа.

Но, за да го откриете изворот на поставената фотографија, треба да платите одредена сума на месечно ниво, а првите три пребарувања се бесплатни. Како што пишува на веб-страницата, таа е создадена за да им помогне на луѓето да се одбранат од измамници и крадци на идентитет, а луѓето велат дека се шокирани од точноста.

- Самиот ја тестирав веб-страницата и бев шокиран од брзината и точноста - пишува еден твитер-корисник, а друг додава: - Страшно е што тотално непозната личност може да те фотографира и потоа да дознае сѐ за тебе.

И покрај добрите намери, оваа технологија стана контроверзна бидејќи има и такви што ја користат за следење на некоја личност.

На страницата пишува дека постои опција за поставување предупредување за корисниците да ги заштитат своите фотографии.

Имено, доколку некој корисник наиде на неговата фотографија и сака да ја избрише, може да постави предупредувања кои ќе го известат кога неговата фотографија ќе биде објавена некаде на интернет, а „Пимајс“ потоа ќе ја избрише сликата од изворот.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/PimEyes
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија