X
 07.03.2016 Образование

Најпознатите трендови за е-учење за 2016 година

Не постои никаква гаранција за тоа што носи иднината. Сепак, со набљудување на актуелните трендови на технологијата, може да се добие добар увид за тоа што доаѓа во индустријата на е-учењето. Гемификацијата, автоматизацијата и одговорноста се само некои од топ темите за кои сите ќе зборуваат во текот на следната година.

 

e


Со тоа што ќе бидете во чекор со курсевите за е-учење е доста важно за сите вас, како и за подобрување на вашата корпоративна онлајн стратегија за обука. Ова се топ трендови за е-учење за 2016 година на кои треба да обрнете внимание во блиска иднина.

1. Сериозни игри

Гемификацијата во учењето стана доста популарно во последниве години. Сепак, сите знаци укажуваат на фактот дека ќе стане интегрален дел од онлајн обуката во 2016 година. Организациите започнуваат да ја согледуваат вредноста од развојот на успешна стратегија на гемификација, особено ако се вклучени немотивирани и неподготвени ученици. Сериозните игри често вклучуваат значки, поени или водачи кои обезбедуваат поттик и ги водат учениците да дадат се` од себе. Тие исто така, вклучуваат различни нивоа кои учениците мораат да ги завршат, а секое ниво се фокусира на клучна лекција или тема. Дури и ако немате искуство во дизајнирање на игри, се`уште имате можност да развивате сериозни игри, благодарение на напредните алатки кои вклучуваат е-учење на шаблони, теми и библиотеки.

2. Курс за автоматизација


Автоматизацијата е релативно нов концепт во светот на учењето. Иако многу алатки за е-учење нудат шаблони, теми и други онлајн средства, оваа година сето ова е донесено на едно повисоко ниво. Што ова значи за професионалци? Драстично намалување на цената на курсевите за е-учење и време за развој. Голем избор на алатки сега се интегрирани во кодовите кои го автоматизираат процесот. На пример, сега можете да направите проценка и игри со минимален напор, или автоматски да ги детектирате опциите на учениците за да го прилагодите секој аспект од нивното искуство на е-учењето.

3. Обука за погодна технологија за носење

„Google glass“, „Oculus Rift“ и „Apple watch“ се само некои од уредите кои можат да се носат, а го освоија светот. Овој вид на технологија на учениците им дава можност да комуницираат со предметот на подинамичен начин. Тие исто така го прават е-учењето подостапно и ја ангажираат публиката. Постојат дури и 3D симулации и алатки за сценарио кои можат да го направат дизајнот на процесот на учење полесен ипоекономичен. Со напредокот на модерната технологија, се чини дека обуката за виртуелна реалност е тука до нас.

4. Големи податоци

Големите податоци се голема рaбота, особено во областа на е-учењето во 2016 година. Тие им даваат на девелоперите способност за подобрување на курсевите за учење, и добиваат вреден увид во учењето и параметрите. Со користење на алатки за анализирање кои се вградени во различните системи за е-учење, вие имате моќ фино да ја нагодувате вашата стратегија за е-учење и да обезбедите секој аспект од вашето е-учење да биде совпаднат со вашите цели и задачи. Постојат голем број алатки за повратни информации како што се анкетите и проценките за учење, но големите податоци и анализаторите ви даваат конкретна статистика и броевки кои ви даваат можност за увид во вашето искуство со е-учењето.

5. Отворени системи за учење менаџмент

Дизајн курсевите се достапни за сите платформи и уреди. Во суштина овие отворени системи се приспособуваат на елементите на е-учењето, од текст блокови до фотографии, врз основа на големината на екранот и резолуцијата. Ова обезбедува дека секој член ќе добие исто искуство на учење и ќе има позитивни придобивки од е-учењето.

6. Системи врз база на облак


Сè е подобро на „Cloud“, што е веројатно причината зошто толку системи за учење и алатки за пишување сега се префрлени на платформите врз база на облак. Корпоративната обука базирана на облак постојано расте, но се очекува да порасне повеќе во 2016 година. Ова се должи на фактот што многу организации започнуваат да гледаат дека добрите работи поврзани со овие системи ги надминуваат лошите. Безбедноста на податоците беше огромен проблем во минатото. Сепак, напредните мерки за енкрипција, ги подобруваат мерките за безбедноста на податоците во облакот. Компаниите кои користат вакви системи имаат можност да ги намалат трошоците за онлајн обука и да ја направат подостапна за своите вработени.

Доколку не сте ги инкорпорирале овие трендови во вашата стратегија на е-учење, време е да го направите тоа бидејќи станува збор за врвни трендови на учење и најнови технолошки алатки. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование