X
 30.05.2022 Живот

Концерт со ученици од државните музички училишта во Филхармонија

В четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“, на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А. Крепин, В. Пихл, Ф. А. Хофмајстер, В. А. Моцарт, Џ. Росини, Х. Виењавски, Д,Мијо, Е. Лало и С. Прокофјев.

Како солисти ќе настапат Ѓорѓи Димовски – саксофон (III средно, ДМУ, Битола), Итан Георгиев – контрабас (III средно – ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје), Леона Кондратенко – виола (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Јаков Ангелов – виолина (IV средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј”, Скопје), Наум Палоски – кларинет (III средно, ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“, Струга), Симеон Гошев – виолина (IV средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје), Григори Ангелов – саксофон (IV средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје), Магдалена Дрмач – виолончело (II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје) и Гоце Златев – пијано (II средно, ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје).

Дијана Имери Илкоска (1988) е една од најнадежните македонски диригенти. Своето образование го стекнува на Факултетот за Музичка Уметност – Скопје каде дипломира во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар (Оркестарско диригирање во 2014 г., Хорско диригирање и Музичка Теорија и Педагогија во 2011 г.), а магистрира во класата на проф. Борјан Цанев во 2018 г. Уште во студентските денови, интензивно работи како асистент на Маестро Ѓумар со Симфонискиот оркестар на ФМУ, а бележи настапи на повеќе престижни подиуми меѓу кои и фестивалите Охридско и Скопско Лето со Камерниот оркестар на Музичка Младина на Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот