Анимираната серија „Симпсонови“ уште пред 14 години опишала избувнување на вирус на брод, слично на актуелната епидемија на смртоносниот хантавирус на холандскиот крстосувач „МВ Хондиус“.
„Симпсонови“ уште во 2012 година наводно „предвиделе“ дека ќе има крстосувач зафатен од вирус, во епизода во која Марџ Симпсон и Хомер Симпсон со своите деца се на бродот кога одеднаш се вклучува аларм, а на голем екран се емитува видеопорака од генерал Вилијам Саливан.
- Смртоносниот вирус пандора брзо се шири. Сите бродови мора да останат на море - порачува генералoт, што предизвикува паника на бродот. Но, според сценариото, всушност немало вирус, туку се работело за шега на Барт Симпсон, кој сакал да го продолжи својот одмор.
Ова не е првпат „Симпсонови“ да предвидуваат настани.
Анимираната серија, на пример, наводно го предвидела договорот меѓу компаниите „Волт дизни“ и „21 Сенчури фокс“, претседателскиот мандат на Доналд Трамп, како и појавата на „Епл вач“.
Смртоносниот хантавирус избувна на холандскиот крстосувач „МВ Хондиус“ во април, а СЗО потврди седум случаи на инфекција и три смртни случаи.
Извор:
Nezavisne.com
Фото: Screenshot/YouTube