X
 30.06.2023 Живот

Бројот на супербогати се намали за 4.000

Најновите податоци за финансиските средства на светското население откриваат интересни детали, вклучувајќи акции, инвестициски фондови, состојба на сметките и слично.

Како резултат на минатогодишните пресврти, вкупниот износ на финансиски средства се намали за 3,5 отсто, на 225 трилиони долари, покажуваат податоците од „Бостон консалтинг груп“.

Ова е најголемиот пад од финансиската криза во 2008 година. Клубот на супербогати поединци со имот од најмалку 100 милиони долари сега има 62.000 члена, што е за 4.000 помалку од претходната година.

Сепак, вредноста на недвижностите во светот се зголеми за 5,5 отсто, што го компензира падот на финансиските средства.

Вкупните средства (кои се состојат од финансиски и реални средства) во светот минатата година се зголемени за 0,3 отсто, на 459 милијарди долари.

Според процените на „Бостон консалтинг груп“, до 2027 година вкупните средства на светската популација ќе достигнат речиси 600 билиони долари. На листата со земји со најголеми нето-средства САД се на прво место (144 билиони), па Кина (76), Јапонија (24) и Германија (19).

Извор: Bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот