X
 24.11.2022 Живот

ЕУ воведува единствен телефонски број за жени жртви на насилство

Европската комисија денеска најави единствен телефонски број за жените жртви на насилство: 116 016.

Сите жени жртви на насилство можат да се јават на овој број во ЕУ и да добијат поддршка и совети. Засега 15 земји членки на ЕУ учествуваат во иницијативата. Рокот за да се етаблира телефонската линија е април 2023.

Утре се одбележува Меѓународниот ден против насилство врз жените. Повеќе протести се предвидени во земјите на ЕУ. Во Брисел протестот ќе се одржи в недела, 27 ноември.

Европската комисија во март оваа година усвои предлог-директива за борба против родово и семејно насилство која вклучува и насилство преку интернет.
Најголемиот број жртви на трговија со луѓе во ЕУ се жени и девојки.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ осудува секаков вид насилство против жени и девојки.
- Неприфатливо е во 21 век жените и девојките да бидат и натаму злоупотребувани, вознемирувани, силувани, или насилно омажени - рече тој.

Оваа година ЕУ сака посебен фокус да им се даде на жените жртви на насилство во војни и конфликти, како Украинките и Иранките.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот