Во јавноста низ годините постојано имаше реакции дека учениците се преоптоварени со часови додека се на училиште. Иако одговорните во Министерството за образование и наука најавуваа дека ќе има измени во овој дел, сепак, според новиот директор на Бирото за развој на образование, Зеќирија Хасипи, неблагодарно е да се каже дека самото кратење ќе ги растовари учениците.