Неодамнешно истражување на „Алгемајнер Дојчер аутомобил клуб“ (АДАЦ) покажа дека бензините и дизелот се значително поевтини на бензинските пумпи што се надвор од автопатиштата, пишуваат германските медиуми.
Големи разлики во цените на горивото
Цените на бензинските пумпи лоцирани на автопатите и на бензинските пумпи лоцирани веднаш зад излезите на автопатот се разликуваат за 39 центи на бензинот (супер E10) и 38 центи на дизелот. На некои од 40. бензински пумпи проверени покрај главните автопатишта, од АДАЦ пресметале разлики во цените до 54 центи за бензинот и 50 центи за дизелот.
Повисоките цени на автопатите не се новост.
- Феноменот на бензински пумпи на автопатите да наплаќаат несразмерно високи цени на горивата постои долго време. Од гледна точка на АДАЦ, таквите високи давачки не можат да се оправдаат.
Затоа, се советуваат возачите да излезат од автопатот и да застанат на други бензински пумпи.
Дополнителни совети за заштеда на гориво доколку патувате
Наполнете гориво навечер бидејќи според АДАЦ, горивата се за неколку центи поевтини тогаш отколку наутро. Полнењето гориво преку германската граница често е поевтино. На пример, литар супер моментално чини 29 центи помалку во Полска и во Словенија отколку во Германија - просечната цена е 1,48 евра за литар. Следува Унгарија (1,50 евра за литар).
Меѓутоа, доколку патувате на запад, треба да наполните гориво пред границата, советуваат германските медиуми. Во Франција доплатата за бензин (1,84 евра за литар) е околу 7 центи за литар во споредба со германските бензински пумпи, а дизелот (1,68 евра) е поскап за 2 центи.
Со 1,99 евра, премиум бензинот во Холандија е за 22 центи поскап од Германија. Исклучок е Луксембург, каде што бензинот (1,56 евра) е за 21 цент поевтин отколку во Германија.
Патниците што патуваат за Италија треба да полнат гориво во Австрија. Бензинот (1,60 евра за литар) таму е поевтин за околу 17 центи отколку во Германија и 24 центи поевтин од Италија. Сè уште можете да добиете дизел за околу 7 центи поевтино во Австрија отколку во Германија, пишуваат германските медиуми.
Извор: n1info.hr
Фото: Freepik