X
 07.10.2019 Живот

Зошто авионите не летаат над Пацификот?

Можеби сте забележале дека патеките на авионите обично го избегнуваат Тихиот Океан и тоа можеби ви се чини како безбедносно прашање. Сепак, Пацификот е најголемиот и најдлабокиот океан на светот. Ако авионот наиде на проблем додека лета над океанот, за пилотите ќе биде тешко да најдат место каде да слетаат.

Па, ако мислевте дека избегнувањето е поради безбедносни причини, не сте погрешиле. Кога се планира некоја маршрута, многу пилоти сакаат да го зголемат што е можно повеќе бројот на аеродроми на маршрутата како безбедносна мерка.

Сепак, тоа не е главната причина зошто авионите го избегнуваат Пацификот. Вистинската главна причина е поврзана со штедењето гориво и пари. Сепак, авионите се бизнис и бизнисите зависат од профит.

Во ова видео накратко е објаснето зошто авионите ретко летаат над океанот. Имено, можете да видите визуализација во која јасно се прикажува дека она што нам ни изгледа како права линија на мапа не е толку права линија и најблиска маршрута на тело како Земјата. Во одредувањето на маршрутата на авионот улога играат повеќе фактори. Погледнете кои.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот