Вештачката интелигенција ветува трансформација на начинот на живот и на професионалното функционирање на луѓето, и тоа почнувајќи од грижа за електронската пошта до искусување на персонализиран онлајн шопинг.
Но, како ќе ги знаеме фактичките придобивки, покрај толку многу реклами околу нас? Во продолжение издвојуваме неколку точки со можните корисни нешта што ги носи со себе вештачката интелигенција:
Фото: Pixabay
1. Укинување на повторливите задачи
Ова е најголемиот бенефит од ВИ што веќе се пробива во секојдневниот живот. Отсега и во иднина, ВИ ќе им помага на луѓето поголемиот дел од времето да го користат во насочени креативни и интелектуални/ментални активности.
2. Продлабочена персонализација
Во смисла – способност за толкување/разбирање на потребите и желбите на корисниците/потрошувачите. На овој начин, ВИ заштедува значително време во стекнувањето на подлабоко ниво на разбирање на секој клиент.
3. Заштедување време
ВИ ќе им заштеди драгоцено време на компаниите со тоа што ќе им собира податоци и, својствено на тоа, ќе им пружи одлуки врз основа на добиените податоци, а сето тоа ќе го направи многу побрзо и поефикасно од кој било човек.
4. Помалку екрани
ВИ ќе ни овозможи интеракција со информациите на начин на кој ние комуницираме со сестран човек. Нема да има потреба да гледаме во екран за да научиме сешто – едноставно ќе си ја прашаме ВИ (како што е случајот со паметниот асистент Сири, на пример).
5. Соработка меѓу човек и софтвер
Најзначајната промена во најава е преминот од користењето на софтверот како алатка, кон здружен труд на човекот и софтверот. Софтверот ќе ги надгледува работите, ќе ги известува луѓето и ќе извршува основни задачи без човечка интервенција. На овој начин, луѓето ќе имаат повеќе време за креативни и интересни занимации.
6. Автоматизирање на повеќе задачи
И покрај тоа што многу задачи сè уште се зависни од човековиот ангажман, сепак, автоматизирањето на задачите ќе им ослободи голем дел од времето на вработените за стратешки потфати.
7. Персонализирана медицина
Докторите ќе бидат во можност третманите да ги приспособат на индивидуална основа и да нè лекуваат согласно нашата медицинска историја.
8. Поединечно зголемување на продуктивноста
Укинувањето на повторливите задачи и личниот асистент ќе им овозможат на луѓето да се посветат на покомплексните задачи.
9. Подобрување на квалитетот на животот
Со помош на
ВИ, сите ќе имаме подобра персонализирана здравствена заштита, поефикасно користење на енергијата, подобрени капацитети за производство на храна, подобрени работни места со помалку досадни обврски итн.
10. Момент кога веќе нема да има потреба од човечка работна сила
Од оваа перспектива, ова звучи како научна фантастика, но еден ден мнозинството луѓе на планетава најверојатно ќе живеат во државно спонзориран социјалистички систем. ВИ и автоматизацијата ќе заменат огромен број работни позиции во наредните 20 години, поради што нужно ќе се јави потребата од промена или приспособување на општествените системи.
11. Помош за сиромашните заедници и нации
ВИ е подготвена да даде голем придонес во медицината и човековото однесување. Замислете си, ОН да може продлабочено да ги проучи причините за тоа што им помага на поедини заедници да се развиваат, а на други да пропаѓаат.
12. Автоматизирано штедење енергија во домаќинствата
Сето тоа со помош на систем за куќна автоматика или попознат како паметен дом. Овој систем подразбира интеграција на разни, пред сè, електрични уреди кои може да се управуваат на различни начини.
13. Алокација на време и ресурси
Автоматизцијата ќе им овозможи дополнително време и ресурси на компаниите, да можат нивната енергија да ја насочат на корисничкото искуство.