X
 30.07.2018 Живот

Професии што лошото влијаат врз психата

Работата со која се занимаваме често е одраз на сите сегменти од нашиот живот. Постојат голем број луѓе кои целосно го запоставуваат личниот живот поради работата, а најголем проблем настанува кога работата започнува да влијае и врз нашата психа. Луѓето кои работат во одредени сфери на општеството се повеќе склони да станат робови на работата, а следните имаат најлошо влијание на човечката психа и целиот живот.

1. Војници

Работата на војниците влијае и врз животот на војникот, но и врз животот на семејството на војникот. Сите знаеме макар една личност чиј татко или дедо бил воено лице. Честа, достоинството и добрата физичка форма се предност за оваа работа, но со текот на времето војниците стануваат сѐ построги, цинични, а нивното чувство за емпатија се намалува. Проблемот е во тоа што цело време на работа учат како да размислуваат со иста логика, ставајќи ги љубовта и сочувството на страна. Со текот на времето тоа станува составен дел од нивната личност, па често стануваат груби и кон најблиските.

2. Доктори


Работата на докторите бара создавање на одбранбен „ѕид“, што мора да содржи рамнодушност и цинизам, бидејќи секој ден се соочуваат со болка, страдање и смрт. Поради тоа, психата на многу доктори создала одбранбен механизам за да стане отпорна на стрес и страв. Навиката на сокривање на емоциите и третирањето на секоја ситуација смирено, на крајот стануваат пречка за емоционално посветување и отсуство на желба да ги споделат со партнерот секојдневните грижи, проблеми, но и среќата. Докторите се навикнати секогаш да бидат и физички и психички подготвени да им помогнат на другите, но тоа се одразува на нивниот приватен живот.

3. Наставници

Просветните работници се обучуваат да контролираат голема група на деца, поради што стануваат строги и дома. Карактеристиките што се чести кај наставниците обично се авторитативност, склоност кон монолози... Ако личноста секој ден, цел ден работи со деца, со текот на времето ќе започне и возрасните и блиските луѓе да ги третира како деца - ќе дава совети, ќе чувствува потреба секогаш да биде подготвен и работите да ги објаснува и по 10 пати.

4. Претприемачи

Бизнисменот не е професија, туку начин на размислување и начин на живот. Ваквата работа често не дозволува компромиси и попустливост. За да бидете успешни во бизнисот, работата воглавно мора да ви биде приоритет во животот. Поради тоа, претприемачите практично 24 часа размислуваат за работата. Бизнисот постојано се развива, а конечната цел е често нејасна или воопшто ја нема, бидејќи не може прецизно да се одреди. Затоа бизнисмените постојано размислуваат за личниот развој и често бараат така да се однесуваат и нивните блиски.

5. Адвокати

Со оваа работа можат да се занимаваат само психички силните луѓе, бидејќи адвокатурата бара доста притисок. Меѓу адвокатите зборувањето за проблемите не е вообичаено, па ретко бараат помош и поддршка, поради што можат да паднат во депресија. Успешната кариера на адвокатот бара остра способност за предвидување на сите негативни последици за клиентот, поради што и самите започнуваат да го гледаат светот негативно и да бараат лошо во него.

6. Сметководители

Луѓето кои се занимаваат со оваа работа тешко го одделуваат бизнисот од приватниот живот, бидејќи постојано се концентрираат на броеви. Со текот на времето, годините на монотоната работа си го зема данокот - стануваат досадни, но и претенциозни.

7. Новинари

Секогаш во центарот на сите случувања, новинарите често гледаат непријатни, па дури и ужасни работи што можат негативно да влијаат врз нивната психа. Не успеваат да се дистанцираат од сето она што се случува околу нив, бидејќи во секоја нова информација гледаат мотив за пишување на вест. Работата на новинарите бара комуникација со најразлични луѓе, кои често не се ни интересни, ни позитивни, а цензурата и неможноста целосно да го изразат својот став ги депримира.

8. Психолози


Луѓето сѐ почесто одлучуваат да студираат психологија за да откријат како да се изборат самите со себе. Често ги анализираат туѓите проблеми, бидејќи во нив се обидуваат да го пронајдат коренот на личните проблеми. Тие со текот на времето стануваат емоционално исцрпени, бидејќи мораат постојано да слушаат и да го разберат туѓото страдање и проблеми.

9. Хонорарни работници


Само личностите со силна самодисциплина можат да станат успешни хонорарни работници - луѓе кои работат проекти од дома, самите си создаваат работно време и имаат можност да работат на повеќе проекти одеднаш. Но нестабилниот и несигурниот приход и изолираноста од луѓето додека по цел ден работат на компјутер може да предизвика голема несигурност. За овие луѓе, домот е и канцеларија, па не постои шанса да го одделат приватниот живот од бизнисот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот