X
 05.08.2024 Наука

Температурата од домот во кој сте пораснале сѐ уште може да ви влијае

Тешко е да се прекинат навиките од детството. Резултатите од едно ново истражување покажуваат дека начинот на кој го приспособувате термостатот денес може да биде остаток од вашето воспитување во детството.

Неодамнешниот труд со наслов „Намали за еден ват“ сугерира дека просечниот Американец не го намалува термостатот многу, и покрај тоа што греењето и ладењето сочинуваат значителен дел од повеќето сметки за струја. Наместо тоа, жителите имаат тенденција да ги следат стапките на нивните родители.

- Специфично, лицата што пораснале во потопли домови имаат тенденција да одржуваат повисоки поставки на термостатот во нивните сегашни домови - пишуваат Дритјон Груда од Универзитетот „Мејнут“ во Ирска и Пол Хангс од Универзитетот во Мериленд, САД.

Денес во Соединетите Држави енергијата од станбени објекти сочинува 21 процент од вкупната потрошувачка на енергија во земјата, а повеќе од половина е од греењето и ладењето на домаќинствата. И покрај фактот дека половина од сите домаќинства во САД се празни во текот на денот, многумина продолжуваат да ги оставаат своите греалки или климатизери вклучени. Некои истражувања покажуваат дека само 42 отсто од американските сопственици на куќи ги приспособуваат своите термостати за да заштедат на струја.

Ваквите навики не само што трошат енергија, туку и ги зголемуваат сметките во домаќинството. И новата анкета покажува дека овие преференции веројатно биле применувани во детството.

- Разбирањето на она што го мотивира изборот за греење и ладење на потрошувачите е важен начин за потенцијално намалување на согорувањето на фосилните горива - пишуваат Груда и Хангс.

Тие анкетирале 2.128 учесници од цела земја. Испитаниците биле прашани за просечните поставки на зимскиот термостат во нивниот дом, како возрасни и како деца. Исто така, од нив било побарано да ја оценат нивната емоционална поврзаност со нивната заедница.

Оние учесници што сега живеат во постудени зимски региони, а пораснале во потопли домови - одржувани на 26,67 Целзиусови степени, сакале да го одржуваат својот сегашен дом потопол.

Дури и кога се работело за расата, образованието, приходите на домаќинствата и географската мобилност, трендот се задржувал.

-Иако навиките од детството можат да бидат длабоко вкоренети и тешко да се променат, тоа не значи дека тие не можат да бидат искоренети - забележуваат Груда и Хангс,

Утврдено е дека степенот до кој учесникот идентификувал или е поврзан со неговата заедница силно влијае врз врската помеѓу моменталната употреба на термостатот на една личност и нејзиното воспитување.

Авторите велат дека нивните резултати треба да се толкуваат со претпазливост. Наодите се засноваат на самоизвештаи, што не гарантира дека учесниците се искрени за поставките на термостатот во зрелоста или детството. Плус, поставката на термостатот можеби не ја одразува вистинската температура на домот, што, особено во постарите, помалку изолираните куќи, може да биде тешко да се контролира.

Извор: sciencealert.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука