X
 30.07.2019 Технологија

Роботот на НАСА кој треба да помогне во градењето бази на Марс

Роботот Валкири може да користи класичен алат и е способен сам да ја одреди најдобрата рута низ тешкопрооден терен за да стигне до целта која му ја одредил операторот.

Од НАСА се надеваат дека овој робот еден ден ќе биде од голема помош при изградбата на колонии на Месечината или Марс, но сметаат дека уште сега би можел да се користи на Земјата за да дојде до подрачја до кои на луѓето им е потешко да стигнат.

Висок 189 сантиметри, тежок 136 килограми

Роботот е висок 189 сантиметри и е тежок околу 136 килограми, а чини околу 2 милиони долари. На главата има камера која комбинира ласерска, 3Д стерео и видео технологија за да го регистрира просторот, а има и дополнителни камери, кои се насочени нанапред и наназад.

На секоја рака со три прсти и палец има 38 сензори со кои постигнува високо ниво на вештина. Во телото се наоѓаат поголем број помали мотори кои овозможуваат голема подвижност, а секоја рака, на пример, има седум зглобови.

Мозокот е направен од два компјутера Intel Core i7, а има и батерија, која може да издржи околу еден час во случај во некој момент да не може жично да се поврзе со извор на напојување.

Во торзото на роботот има два еластични ротирачки актуатори и два еластични линеарни актуатори, кои се усогласени за да остварат движење меѓу торзото и карлицата.

Карлицата има три серии еластични ротирачки актуатири: ротирачки зглоб на половината и зглоб за ротација на колкот кај секоја нога, кои содржат пет еластични ротирачки актуатори.

Актуаторите се направи со кои преку управувачки сигнали подвижните делови на ситемот се доведуваат во саканата положба.



Зошто изгледа како човек?

Одамна роботичарите се обидуваат да го постигнат тоа роботите да одат како луѓе, но таа техника сѐ уште не е довршена и затоа вселенските роботи, односно ровери, и денес се потпираат на колца.

Но, човековата способност за одење е иднина на роботиката кога станува збор за изградба на колонии на Марс. Роботите тогаш ќе мораат да имаат форма на човек бидејќи по одредено време на нивното место ќе дојдат луѓе кои ќе останат да живеат на Марс.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија