На 20 јули годинава беше одбележана 46-годишнината од стапнувањето на човекот на Месечината. Нил Армстронг и Баз Олдрин слетале на Месечината со „Аполо 11“ и Армстронг станал првиот човек во историјата кој стапнал на површината на нашиот природен сателит.
Оваа програма барала многу работа, а астронаутите го користеле компјутерот за водење на „Аполо“ за да летаат. Компјутерот бил сместен во модулот со команди и бил користен за навигација и контрола на леталото. Без овој компјутер, мисијата не би била приближно завршена.
Некој требало да го програмира овој компјутер. Софтверот и програмот за компјутерот бил напиша од тим на лабораторијата на Технолошкиот институт во Масачусетс, воден од Маргарет Хамилтон. Кодот на Хамилтон бил толку добар што се смета дека веројатно ја спасил целата мисија „Аполо 11“.
„Доколку софтверот не функционирал, слетувањето на Месечината би било неуспешно. Но, Нил Армстронг бил тој кој го направил огромниот чекор за човештвото“, напишал авторот А.Џ.С.Рејл.
Хамилтон денес има 78 години и е на чело со „Хамилтон текнолоџис“ во Масачусетс, компанија која ја основала во 1986 година. Таа доживеа да го види „софтверското инженерство“, терминот кој таа го измислила, како расте во престижна професија.