X
 30.07.2024 Живот

Државата го прогласила за мртов, па се одлучил на луд потег за да докаже дека е жив

Жител на селото Митора во државата Раџастан долго време се обидува да ги убеди властите дека погрешно издале посмртница на негово име, иако сѐ уште е жив. И покрај апелите до селските старешини и државните власти, неговите обиди биле безуспешни.

Б.Б. се плашел дека државата ќе му го конфискува имотот бидејќи официјално е мртов, па се одлучил за најекстремната можна опција. Така, на 19 јули зел нож и кофа со бензин, а потоа упаднал во локалното училиште.

Најпрвин повредил неколку наставници, в.д. директорот и еден родител, а потоа ги зел како заложници учениците. Драмата завршила кога дошла полицијата, а за време на сослушувањето во полиција Б.Б. ја објаснил својата ситуација.

Тој верувал дека сторил доволно сериозно кривично дело што полицијата ќе мора да го стави неговото име во службената евиденција и тоа ќе докаже дека е жив.

Така и се случило, а властите изјавиле дека ќе ги истражат неговите тврдења. Секако, прво мора да слушне каква казна го чека.

Патем, ваквите бирократски грешки не се толку невообичаени во Индија. Кон крајот на минатата година 70-годишен маж бил виден како носи транспарент на кој ја напишал пораката: „Жив сум“ откако по грешка му издале посмртница.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот