X
 07.06.2022 Живот

Пандемијата не успеа да го убие ракувањето. Зошто?

По повеќе од две години соживот со пандемијата, ракувањето се врати, иако многумина го отпишаа.

Допирот со лактите не станаа правило. Ритуалот на ракување е премногу вкоренет - кога дланките се споени, прстите се допираат и погледите се среќаваат.

- Ние зависиме од физички контакт со другите - вели психологот Мартин Грунвалд, кој води истражувачка лабораторија на Универзитетот во Лајпциг.

- Само преку таканаречени информации со полн контакт се уверуваме дека другата личност навистина постои, дека е навистина таму. Не можете толку многу да им верувате на другите сетила - вели тој додавајќи дека луѓето растат главно преку физички интеракции и токму затоа сме зависни од физички контакт со другите.



Може да се тврди дека поздравувањето со лактот или тупаницата е форма на допир, но Грунвалд не се согласува. Тоа е сосема поинакво физичко чувство, не е ниту топло ниту меко - многу е цврсто, вели Грунвалд.

Доаѓам во мир

За научникот е изненадувачки што таквите компромиси се бараа на почетокот на пандемијата. Од социо-културна гледна точка, ракувањето сигнализира „доаѓам во мир“ и „немам оружје“, вели Грунвалд.

По неколку месеци од избивањето на пандемијата, британскиот пејач Ронан Китинг се пожали на недостиг на допир.

- Доброто стискање на раката едноставно значи нешто - изјави тој.

И по долг временски период политичарите, па дури и британската кралица Елизабета, се ракуваат со ентузијазам.  Веројатно на многумина им е позната неодамнешната средба меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон - едниот сакаше да се ракува, а другиот подаде тупаница.



- Дозволувањето толкава блискост е ризик. Мораме да бидеме запознаени со гестот за смирувачки да влијае врз нас - смета бихевиоралниот биолог Има Герке, додавајќи дека на луѓето не им е неопходен стисокот, туку значењето на поздравот, дека човек доаѓа во мир.

- Затоа се врати ракувањето. Тоа ни е познато. Колку е попознато, толку е посигурно - вели Герке.

Бакнеж в образ


Уште еден гест е бакнежот в образ. Иако може да изгледа многу авантуристички со оглед на ризикот од инфекција, овој обичај исто така се врати. Французите одамна се вратија на поздравувањето со бакнеж, а истото го прават и Италијанците.

- Ако оваа ризична ситуација заврши добро, сметаме дека е прифатлива. Така се создаваат социјални врски - вели Герке.

- Преку физички контакт ја истражуваме нашата околина - вели Грунвалд посочувајќи го примерот на држење бебе в раце. Ракувањето е секогаш канал за комуникација кога може да се почувствува состојбата на другата личност, додава тој.

Извор: Index.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот