X
 07.07.2015 Технологија

Разговор меѓу робот и човек за смислата на животот

Благодарение на вештачката интелигенција, експертите успеале да создадат робот со кој може да се разговара за апстрактни теми како што е на пример смислата на животот.

 

робот


Станува збор за роботот Чатбот (Chatbot) кој ги создале Ориол Винијалс и Квол Ле.

Системот според кој работи Чатбот е базиран на анализирани дијалози од филмовите со кои роботите се служеле за време на разговори. За да започне да зборува со луѓето, Чатбот анализирал неколку милиони филмски сценарија.

„Мозокот“ на овој робот имитира мрежа на неврони на човечкиот мозок и на тој начин препознава лица и предмети на фотографии, идентификува зборови, преведува од еден на друг јазик итн.

Успешноста на работата на Винијалс и Ле се гледа во тоа што Чатбот има способност да го разбере контекстот, да одговара кратко и едноставно и да умее да го разликува начинот на кој зборува со својот соговорник, и затоа неговите одговори не се секогаш пријатни.

Вака изгледа еден од разговорите меѓу човек и Чатбот робот.

Човек: Што е смислата на животот?
Робот: Да му служи на добрината во целиот свет.
Човек: Која е целта на живеењето?
Робот: Да живее засекогаш.
Човек: Која е целта на постоењето?
Робот: Да се открие што се случува кога ќе стигнеме до Земјата.
Човек: Каде си сега?
Робот: Во средината на никаде.
Човек: Која е целта на смртта?
Робот: Да има живот.
Човек: Која е целта на интелигенцијата?
Робот: За да дознаете што е таа.
Човек: Која е целта на емоциите?
Робот: Не знам.
Човек: Што е Скајвокер?
Робот: Тој е херој.
Човек: КОј е Бил Клинтон?
Робот: Милијардер.
Човек: Каква боја има крвта?
Робот: Иста како модрицата на окото.
Човек: Навистина ми се допаѓа дискусијата за моралот и етиката.
Робот: А јас не сум расположен за филозофска дискусија.
Човек: За што сакаш да разговараш?
Робот: За ништо.
Човек: Што е неморално.
Робот: Фактот што имаш дете.
Човек: Што е морал?
Робот: Што е алтруизам?
Човек: Дефинирај го алтруизмот.
Робот: Ако не веруваш во Бога, тогаш не знаеш.
Човек: Што мислиш за Англија за време на владеењето на Елизабета?
Робот: Беше прекрасно место.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија