Италијанскиот тенор Андреа Бочели е еден од најпознатите оперски пејачи, како во Италија, така и во светот. Неодамна, своите фанови ги воодушеви со дует со синот Матео, а пораката на песната ќе ја сфатат токму родителите.
-Секој кој е родител, кој ја познава драгоцената одговорност што ја имаат мајката и таткото, целосно ќе го сфатат значењето што за мене го има оваа песна. „
Fall On Me“, е првиот дует што го пејам со својот син Матео - пишува Андреа Бочели, на неговиот фејсбук-профил.
Бочели има три деца: 23-годишниот Амос и 20-годишниот Матео од првиот брак со Енрика Сензати, и 6-годишната ќеркичка Вирџинија со сегашната сопруга, актерката и продуценкта Вероника Берти.