X
 30.10.2019 Економија

Полска воведува нов данок за големите продавници

Полска планира да воведе нов данок за големите продавници за малопродажба со кој нема да ги оданочува нивните приходи, туку непријатноста што овие продавници им ја предизвикуваат на градовите, изјави полската министерка за технологија и претприемништво Јадвига Емилевиц.

Данокот може да се наплатува поради зголемениот сообраќај што го создаваат големите продавници и потребните инвестиции во патиштата, изјави Емилевиц.

Ако новата влада брзо се формира, овие закони би можеле да бидат претставени уште оваа година, а новиот данок би можел да стапи во сила на почетокот од 2020 година.

Данокот на сообраќаен метеж, секако, ќе биде прифатлив за Европската комисија, додаде Емилевиц.

Претходниот обид на Полска да оданочува продавници за малопродажба со данок на приход со прогресивна даночна стапка беше запрен веднаш по неговото воведување во 2016 година, откако Европската комисија изрази сомнеж за неговата усогласеност со регулативите на ЕУ.

Европскиот суд на правдата потврди дека данокот на доход е во согласност со регулативите на ЕУ, по што Европската комисија ја обжали одлуката.

Оданочувањето на големите продавници за малопродажба, кои честопати се во странска сопственост, е едно од главните ветувања од кампањата на владејачката партија Право и правда (ПИС) уште од 2015 година.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија