„Твитер“ соопшти дека става крај на мерките за борба против дезинформациите за вирусот ковид-19, кои вклучуваат етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации, како и отстранување на твитови со лажни тврдења за вакцините.
- Од 23 ноември 2022 година „Твитер“ повеќе не спроведува посебни мерки за контрола на информациите за ковид-19 - се вели во соопштението на официјалната страница на „Твитер“.
Американскиот милијардер Илон Маск ја презеде компанијата „Твитер“ во октомври и потоа започна серија реформи.
По преземањето на компанијата, Маск рече дека сака да создаде совет за модерација на содржината што ќе вклучува модератори со „многу различни гледишта“.
Извор: МИА