X
 14.10.2022 Живот

Илон Маск под истрага поради однесувањето при преземањето на „Твитер“

Американските федерални власти покренаа истрага против американскиот милијардер Илон Маск поради неговото однесување при преземањето на компанијата „Твитер“, се наведува во судскиот поднесок.

Иако е наведено дека е под истрага, не е точно прецизирано кој е фокусот на истрагата и кои федерални власти ја спроведуваат. Маск побара од судијата минатата недела да го одложи неговиот процес со „Твитер“ до 28 октомври, а судијата во државата Делавер го одобри.

Спорот меѓу „Твитер“ и Маск е поради нерешено финансирање на договорот за купување на социјалната мрежа постигнат во април, вреден 44 милијарди долари.

Маск и компанијата „Твитер“ во наредните денови би можеле да постигнат договор за прекин на судскиот спор, што ќе му овозможи на најбогатиот човек на светот да ја купи компанијата за 44 милијарди долари.

Маск, кој е и директор на компанијата „Тесла“, му предложи на „Твитер“, доколку компанијата го прекине спорот со него, да се согласи со условите од договорот постигнат во април – да ја купи компанијата за 54,20 долари по акција.

Во обид да се прекине судскиот спор, двете страни се согласија сведочењето на Маск на прелиминарното рочиште во Делавер, кое беше закажано за денеска, да биде одложено, но преговорите за прекинување на процесот ќе продолжат. Судењето претходно беше закажано за 17 октомври.

По најавите во вторникот дека Маск ќе продолжи со преземањето на „Твитер“, тргувањето со акциите на социјалната мрежа беше прекинато.
Маск се повлече од договорот неколку недели подоцна, наведувајќи ја загриженоста дека бројот на ботови на платформата е поголем отколку што тврдеше „Твитер“.

„Твитер“ ги отфрли обвинувањата и го тужеше Маск за да го принуди да го спроведе договорот, по што дојде до голем пад на цената на акциите на компанијата „Тесла“ на Маск.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот