Норвешкото Министерство за надворешни работи мораше да реагира до одделот за поддршка на „Твитер“ откако во опсиот на профилот на оваа институција на „Твитер“ стоеше дека е „нигериска владина организација“.
-Колку и да уживаме во нашите одлични билатерални односи и сличното пишување на името на земјата со Нигерија, би ценеле ако нè означите како Норвешка - напишаа од норвешкото МНР.
Иако грешката беше коригирана, на „Твитер“ има лавина смешни реакции, а во продолжение издвојуваме неколку.
Еден од корисниците стави слика со поларна светлина на едната половина и слон и лавови на другата и напиша: „Секогаш имам потешкотии при разликувањето“.
Друг исто така употреби фотографија и напиша: „Погледни ме, сега си Нигериец“.
Двајца корисници имаа интересен дијалог.
-Може ли да ни го позајмите премиерот на 6-8 години?
-Може ли Норвешка да добие ориз во замена за тоа?
Сигурно го отпуштиле тој еден човек кој знае како да ги најде двете земји на картата - напиша друг корисник.
Еден твитерџија, пак, објави мапа со опис: И така се шири Нигериската Империја.