Познатата веб-страница „ARThusiast“ на својот фејсбук-профил сподели животни лекции од постарите генерации.
- Секогаш почитувајте ги постарите и учете од минатото - пишува „ARThusiast“.
Дијана, 88 години: - Никогаш немојте да следите маж.
Лес, 94 години: - Обезбедете се финансиски.
Џон, 92 години: - Уживајте во секој момент.
Дот, 82 години: - Бидете здрави, грижете се за вашето тело, излегувајте на свеж воздух и „не одете в кревет“ со некој додека не бидете постари. Има многу време за тоа.
Дорин, 85 години: - Бидете љубезни кон луѓето. Сите тие имаат минато.
Џоан, 90 години: - Секогаш имајте амбиции и цели што ќе ги следите.
Марлиз, 90 години: - Секогаш кажувајте ја вистината.
Ширли, 84 години: - Споделувајте ги искуствата и заедно уживајте во нив!
Илин, 96 години: - Купете си бунгалов и туш-кабина во која лесно се влегува додека сè уште можете.
Боб, 91 година: - Најдете некој што ќе го сакате и продолжете да го сакате.