Што прави и како еден човек се снаоѓа на училиште има влијание само врз него, но неговиот перформанс на работа ќе има влијание и врз компанијата, шефовите и колегите. Па, како да се успее?
Дон Розенберг Мекеј нуди неколку совети како човек да успее на првото работно место:
- Секогаш доаѓај на работа на време, или дури и порано, користи пауза во одреденото време, а ако имаш премногу работа, јади во канцеларија.
- Облекувај се пристојно и во склад со она што го работиш.
- Слушај, слушај, слушај и набљудувај. Гледај што се случува околу тебе и ќе научиш многу работи.
- Не озборувај и обиди се да не станеш предмет на трачеви. Но, тоа не значи дека не треба да се интересираш што се случува наоколу, зашто може да собереш некоја вредна информација. Треба да научиш да разликуваш вистина од измислици.
- Не заборавај на манирите. Она „ве молам и благодарам се магични зборови“ важи и на работното место. Тропни на врата пред да влезеш.
- Биди културен и љубезен кога комуницираш преку телефон.
- Најди ментор, некој кој ќе сака да ти помага.
- Не се преправај дека знаеш нешто што всушност не знаеш. Наместо тоа собери ги сите информации што може да ти затребаат.
- Кога не знаеш како да се справиш со нешто, прашај.
- Научи како да управуваш со сопственото време. Тоа ќе ти биде од помош кога ќе се задаваат крајни рокови.
- Прилагоди се на корпоративната култура.