X
 11.04.2024 Живот

Софтверски инженер од „Гугл“ го споделил своето добитно сиви - би сменил само три работи

Сахил Габа само што требало да дипломира како магистер по машинско инженерство кога бил привлечен од компјутерските науки.

Забележал дека пријателите што се префрлиле во полето на компјутерски науки релативно лесно добивале работа, па решил да се обиде.

- Три-четири месеци учев програмирање. Бев оптимист. Отидов на пазарот на труд, се обидов да најдам неколку работни места, но сепак не можев да најдам ниту едно во големите компании - истакнал Габа, кој пораснал во Индија.

Конечно добил работа како софтверски инженер во мала компанија во Чикаго, но чувствувал дека таму не ги учи најсовремените софтверски вештини.

- Имав постојана желба да работам високотехнолошка компанија - изјавил Габа.

По две години ја добил својата прва работа во таква компанија, на софтверско-инженерска позиција во „Амазон“.

Во рок од 18 месеци откако почнал да работи, добил понуди од „Мета“, „Убер“ и „Гугл“. Тој прифатил работа во „Гугл“ со почетна плата од околу 300.000 долари годишно. Тогаш имал 29 години.

Ова е сивито што го користел за да се вработи во компаниите:

фото извор: Sahil Gaba

Што би променил во своето сиви денес


Сивито погоре му донело понуди за работа од три технолошки гиганти. И покрај тоа, Габа вели дека има неколку работи што би ги променил.

Првин искуство, потоа вештини


Габа вели дека го создал ова сиви пред да ја добие својата прва работа во „Амазон“.

- Во тоа време, бидејќи моето работно искуство не беше толку силно, ги ставив моите вештини на врвот. Ќе имаше повеќе смисла да се водев од работното искуство - истакнал Габа.

Фокусирајте се на новото

Габа вели дека би ставил помал акцент на достигнувањата од факултетските денови.

- Почестите и наградите се многу застарени. Ако не сте добиле ништо во последно време, можеби треба да ги прескокнете. Слична логика важи и за курсевите и обуките - советува Габа.

Едноставност на јазикот

Кога станува збор за рекламирање на достигнувањата, Габа вели дека сега приоритет му е јазикот – да биде лесен за разбирање.

- На почетокот се обидував да додадам интересни акроними во сивито - можете многу брзо да му станете одбивни на регрутерот или менаџерот за вработување со тоа - рекол тој.

Но, има некои работи што би ги задржал, односно би ги оставил исти.

Нагласување на образованието

- Работев прилично напорно за сите тие дипломи, но знам дека во контекст на работата што ја барам тие не се толку важни - рекол Габа.

Тој го ставил своето образование на десната страна од сивито бидејќи повеќето луѓе имаат тенденција да читаат одлево-надесно и затоа прво ќе го видат порелевантниот дел.



Хоби

Габа вели дека исто така ќе го задржи делот наречен „интереси/хоби“, бидејќи тоа е добро „кршење на мразот“ во интервјуата:


- Ако најдете нешто што се преклопува со интересите на компанијата, со тоа започнува дискусија и води до добар, солиден почеток.

Габа сега работи во канцеларијата на „Гугл“ во Сиетл како софтверски инженер.

Извор: Business Insider 

Фото: LinkedIn

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот