X
 20.10.2016 Живот

Безбедност на децата во автомобилите: Дали зимската јакна може да му го загрози животот на детето?

Многу родители занемаруваат некои нешта што може да го загрозат животот на детето. Овде станува збор за зимските јакни кога детето седи во автомобил.

Многу истражувања покажале дека автомобилските седишта за деца не се користат на правилен начин во повеќето случаи. Најголем проблем е затегнувањето на појасот и тоа особено во зимскиот период.

Во текот на возењето децата треба да ја соблечат зимската јакна затоа што таа не дозволува појасот да се постави правилно и веројатноста детето за излезе од седиштето е поголема. Во Мичиген, САД е направен тест со кукла во зимска јакна. При удар на автомобилот со брзина од 30 км/час, детето излегува од седиштето.

Погледнете во видеото како правилно да го поставите вашето најмило во детското автомобилско седиште:

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот