X
 04.12.2017 Образование

„Училиштето не смее да личи на болница каде што децата се лекуваат од животот!“

Душко Радовиќ на тема „децата и училиштето“:

„Предметната настава ги укинува учителите, а тие се единствените вистински воспитувачи. Оној момент кога децата остануваат без својот учител, престанува воспитувањето, а почнува образованието.“

***

„Трагично е како децата, штом тргнат на училиште, ги губат чистотата и ведрината на индивидуалното сознание, доживувања и смисла за автентична интерпретација. Училиштето и практичниот живот им наметнуваат шаблони и догми, децата наместо радоста на доживувањата, прифаќаат рутинско препознавање на голите функции на работите и појавите.“

***

„Училиштето не смее да личи на болница каде што децата се лекуваат од животот и здравјето, од љубопитноста и активноста, од сопствените искуства и креации.“

***

„Деца, можете ли да замислите каков е животот штом од лулка до гроб најубава била училишната доба?“

***

„Не е убаво ова да му се каже на училиштето, но не е ниту лошо, ако може да биде од корист: треба подобро да се познаваат децата и повеќе да се почитуваат нивните можности. Но ние прво сме ги измислиле училиштата, па дури потоа сме утврдиле дека немаме доволен број соодветни деца.“

***

„Не постојат добри и лоши, туку само различни деца. А со различни деца мора да се занимаваме на многу различни и деликатни начини.“

***

„Децата што немаат среќа со семејството би морале да имаат нешто повеќе среќа со училиштето. Училиштето би морало да го знае и да го сака она што родителите не го знаат или не сакаат да го знаат.“

***

„Здрави, ведри, зачувани и неповредени деца – по секоја цена, макар и по цена на знаењето! – тоа би била благородната задача на воспитувањето.“

***

„Повеќе шанси имаат оние што се провлекуваат низ училиштето, што се штедат, затоа што знаат дека ги чека уште едно големо полувреме од животот.“

***

„Визијата децата да станат идни службеници или чиновници, со класи и плати, со углед и функции – тоа е таа училишна и општествена Бабарога која ја игнорира личноста, а ги унапредува послушноста и медиокритетството.“

***

„Колку многу, дури и денес, паметни, зрели и посебни деца се навредуваат, понижуваат и дисквалификуваат со суровите критериуми на училиштето, општеството и семејството: колку вредиш, можеш да докажеш единствено преку школските оценки.“

***

„Имав среќа да се дружам со многу паметни луѓе, а јас сметам дека од такви луѓе најмногу се учи, многу повеќе отколку од книгите, многу повеќе отколку во какво било училиште!“

***

„Добро е да се има татко и мајка, но уште подобро е да се има тато и мама. Сите татковци и мајки ги малтретираат своите деца и се изживуваат врз нив, но само со тато и мама може искрено да се разговара за тоа.“

***

„Младите мора да живеат ноќе – бегаат од деновите кои се окупирани од нивните татковци и дедовци.“

***

„Сакајте ги вашите деца и кога се виновни, затоа што животот ќе ги казнува и кога нема да бидат.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование