X
 30.12.2023 Култура

Ова е најпиратираната серија за 2023 година

Веб-страницата „Торент фрик“ секоја година прави преглед на сериите што биле најпиратирани, односно нелегално преземани, во последните 12 месеци.

Според последните податоци за оваа година, најпиратираната серија е „Последниот од нас“ (The last of us) на Ејч-би-о. Серијата е адаптација на популарната видеоигра. Станува збор за постапокалиптична драма чија прва сезона од 9 епизоди беше прикажана на почетокот од годината.



Следни најпиратирани серии се „Мандалоријанецот“ (The Mandalorian), „Локи“ (Loki), „Асока“ (Ahsoka) и „Тајна инвазија“ (Secret invasion).

На листата со 10 најпиратирани серии во 2023 година нема ниту една серија на „Нетфликс“.

Извор: Bug
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура